Филипче: Не сум го замолил германскиот колега да не ги прима медицинските сестри од Македонија

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на Топ тема негираше дека го замолил неговиот германскиот колега да не им дава работни дозволи на македонските медицински сестри кои си одат од Македонија.

-Убаво е да се работи дома. Во странство се работи многу и на поинаков начин. Само треба да ги зголемиме платите. Во однос на медицинските сестри, не сум го замолил германскиот колега да не им дава дозвола за работа. Го замолив да им овозможи да работат дополнителна работа, односно да работат во Македонија и на неколку месеци да ротираат и да работат во Германија. Со новите процеси и мерки мислам дека младите колеги ќе се замислат дали да отидат во странство, вели Филипче.

Поврзани новости