Филипче најави масовна вакцинација на повеќе локации низ државата

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите информираше за епидемиолошката состојба во државата, хоспиталзиациите и процесот на вакцинација. Според бројот на новодијагностицирани епидемиолошката крива има пад, што според министерот е показател дека мерките ги даваат потребните резултати.

-Денеска имаме повторно еден тренд на намалување во рамките на новодијагностицирани случаи, што потврдува дека епидемиолошката крива е во континуиран пад и тоа е еден добар податок, тоа значи дека мерките во рамките на предвидувањата ги даваат своите резултати. Притисокот во болниците се уште е голем, со оглед на тоа што има се уште голема бројка на дијагностицирани пациенти кои согласно текот на клиничката слика сега нешто покасно во споредба со она што беше карактеристика лани имаат потреба да се јават во болница. Во текот вчерашниот ден има стабилизирање, за разлика од претходниот ден кога имавме голем наплив на пациенти меѓутоа тоа добро се менаџира во сите јавно-здравствени установи согласно распоредите. Согласно прераспределбата на пациенти има слободни болнички кревети и во Скопје и во другите градови, во Скопје на интерните клиники понатаму во ковид центарот во Заводот за рехабилитација Козле. Во таа смисла се прави прераспределба на папциенти од другите градови ако треба сега во овој момент се навистина преоптеретени болниците во Куманово и во Битола, меѓутоа тоа на дневно ниво го менаџираме – изјави министерот Филипче.

Министерот за периодот кој следува најави и масовна вакцинација на повеќе локации низ државата, онаква каква што во моментов се спроведува во А1 Арената Борис Трајковски и во Здравствените домови кои имаат кадрови капацитети за да го изменаџираат овој процес. Со ова се планира значително да се интензивира процесот на имунизација во моментот кога ќе пристигнат поголемите количини на вакцини, во периодот кој следува.

-Во овој период којшто е пред нас ќе работиме очекувајќи ги кинеските вакцини кои ќе направат најголема промена во динамиката на спроведување на вакцинацијата. Места за масовна вакцинација во уште неколку градови по примерот на салата Борис Трајковски, а тоа ќе бидат градовите Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово покривајќи соодветни региони околу овие Здравствени домови кои може овој процес да го изменаџираат со кадар – рече Филипче.

Во однос на вакцинацијата во А1 Арената Борис Трајковски од утре се очекува да продолжи процесот на имунизација со трите типа на вакцини – Астра Зенека, Спутник В и кинеските од производителот Синофарм со вакцинација на граѓани на возраст од 73 и 74 години. Пријавени се околу 5000 граѓани кои ќе бидат вакцинирани, а како стигнуваат следните количини вакцини така ќе се надоврзат на процесот на вакцинација соодветно на возрасната граница.

-Добро се одвива вакцинацијата заклучно со вчерашниот ден близу 30.000 граѓани се вакцинирани во оној дел којшто значи вакцинација по пунктовите некаде околу 12.000 од вкупно 22.000 распределени дози на вакцината Астра Зенека. Во салата Борис Трајковски денеска завршува вакцинирањето на вработените во критичната инфраструктура со што го заокружуваме тој процес и од утре почнува вакцинацијата на постарите граѓани како надополнување на овој систем што веќе се спроведува. Тоа значи дека вакцинирањето на сите пунктови ширум државата и тука во Скопје продолжува по оној терк на закажување како што трае, фреквенцијата на спроведување е нешто зголемена изминативе денови и од оние 700-800 на ден сега се вакцинираат околу 1000-1500 граѓани, согласно пријавените термини тоа се спроведува во сите градови. Од утре ќе започне вакцинирањето и на граѓаните помлади од 75 години, кои се пријавени во системот на сајтот vakcinacija.mk или преку матичните лекари. Тие ќе добијат термини, најпрво во Скопје заради тоа што тука е најголем притисокот, тоа значи дека сите 74 и 73 годишни граѓани кои се пријавиле во следниот период ќе бидат вакцинирани. Во овој момент од вакцината Спутник В кон крајот на денешниот ден ќе останат околу 2.500 вакицни, кажувам приближни бројки на коишто ќе надополниме 2.000 вакцини од Астра Зенека од остаток од 24.000 бидејќи, близу 22.000 се распределени и 1.000 кинески вакцини кои пристигнаа како донација и тоа е од прилика вкупната бројка за вакцинација на граѓаните во Скопје на возраст од 73 и 74 и постари – кажа министерот Филипче во изјавата.

Што се однесува до динамиката на испорака на вакцините, на 19ти и на 26ти април од компанијата Фајзер има најава дека ќе сипорачат по 10.000 вакцини кои ги купивме преку директни прегвори со производителот. Наскоро, по завршување со административниот дел во Кина се очекува да добиеме и податок за точниот датум кога ќе бидат испорачани овие дози од 200.000 вакцини.

-Согласно информациите што ги имаме досега најавено е од компанијата „Фајзер“ преку нашиот директен договор на 19ти и 26ти април по 10.000 дози. Јас имав средба со кинескиот амбасадор, очекувам да преземе обврска да направи што може, вчера имаше некое поместување добив информации дека тој административен дел таму во Кина се забрзал. Очекуваме информација и од руската амбасада за дополнителни количини на вакцината Спутник В. Повторно би требало 76.000 дози на Астра Зенека да стигнат до крајот на месецот за што утрово разговарав со претставничката на СЗО. Она што значеше помош преку трилатералните договори од ЕУ што ги најавија за месец април очигледно ќе се поместат според последните најави од утрово е дека ќе пристигнат во првата недела на мај. Тоа се засега информациите, како вакцините ќе пристигнуваат од кои најголема количина наеднаш очекуваме да стигне од Кина. 200.000 вакцини ќе бидат распределени по овој систем на вакцинација кој веќе се спроведува ширум државата – изјави министерот на денешната прес-конференција за медиумите.

Поврзани новости