Филипче најави и можно одложување на карневалот „Прочка“ во Прилеп

by fokus

Заштитните маски на отворен простор не претставуваат заштита на граѓаните од новиот опасен корона вирус.

Ова денеска го порача министерот за здравство, Венко Филипче говорејќи за состојбите со корона вирусот.

„Со заштитните маски на отворен простор може само да се зголеми ризикот на инфекција. Ние имаме доволна количина на медицинска опрема и маски. Што се однесува до карневалот „Прочка“ во Прилеп, можно е да дојде до одложување. Ќе имаме состанок, ќе одлучиме“, истакна Филипче.

Поврзани новости