Филипче: Набрзо почнуваме со набавка на брзи Ковид тестови

by fokus 20:50
20:50

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Телма најави дека Владата набрзо ќе почне со набавка на брзи Ковид тестови кои даваат резулати за 15 минути.

-Последните неколку месеци на пазарот се подостапни брзи тестови за детектирање на вирусот (не на антителата). Меѓутоа се брзи и за 10-15 минути го детектират тоа без потребна лабораторија,  без лабораториски апарат. Значи брис и една мала плочка. За кратко време ќе почнеме со набавка. Тие тестови пред се ќе бидат дистрибуирани во болниците, и во соработка со Центрите за јавно здравје, веројатно на граничните премини. Сето тоа ќе овозможи многу брз резултат на пациентите кои доаѓаат пред се итните, и на тие што им е потребна некаква интервенција. За 15 минути на лице место, без никаква потреба за голема експертиза, ќе знаат вработените дали пациентот е позитивен или негативен, рече министерот Филипче.

- Advertising -

Поврзани новости