Филипче на средба со кинескиот амбасадор: Да се забрза испораката на вакцините

by Фокус

Министерот за здравство Венко Филипче денеска остварил средба со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо.

На средбата, како што информираше Филипче, разговарале за испораката на вакцините од производителот Синофарм, односно да се забрза процесот за испорака на 200.000 вакцини.

Според најавите на амбасадата, овие вакцини би требало да стигнат до крај на месецов.

Поврзани новости