Филипче: На ден ќе се вакцинираат од 2.500 до 4.000 граѓани

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за телевизија Телма рече дека кога ќе почне вакцинацијата на населението ќе се вакцинираат од 2.500 до 4.000 граѓани на ден.

-Станува збор за вакцинирање од 300-500 луѓе на ден само на овој пунт на Инфективната клиника. Зашто сакаме сите вработени кои работат со ковид да бидат вакцинирани централизирано и со таа динаминка ќе стигнеме многу брзо со вакцинирање на сите здравствени работници кои работат со Ковид. Системот за вакцинација потоа ќе се дисперзира низ сите пунктови во државата. Капцитетот е меѓу 2ипол и 4 илјади на ден и за кратко време може еден сериозен процент од населението да се вакцинира, вели Филипче.

Поврзани новости