Филипче: Мобилната болница ќе биде целосно во функција до крајот на неделата, но се уште нема потреба од тие капацитети

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека мобилната болница ќе биде целосно во функција до крајот на неделата, но се уште нема потреба од користење на нејзините капацитети.

-На Клиниката за инфективни болести се лекуваат 54 пациенти. Четворица се критични, а 20 имаат потреба од кислородна маска.
Се поставуваат креветите во мобилната болница, завршено е  греењето и ладење. До крајот на неделата целосно ќе биде во функција, но се уште нема потреба од тие капацитети. Капацитетот на Клиниката е 50 посто исполнет, рече Филипче.

 

Поврзани новости