Филипче: Матичниот лекар треба да ги следи пациентите кои се на домашно лекување од корона вирусот

by fokus

Лицата со лесна форма на болеста и без ризик за компликации се лекуваат во домашни услови. Матичниот/семеен лекар треба да биде вклучен во надзорот на здравствената состојба со следење на развојот на симптомите преку дневни телефонски повици и доколку е можно, преку посети во домот на пациентот, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Препорачува да се прочитаат упатствата за домашно лекување на пациенти со полесни симптоми на Ковид-19 кои се наменети за лицата со суспектна или лабораториски потврдена инфекција и се на домашно лекување, како и за членовите на семејството кои доаѓаат во контакт со сомнителен или потврден случај на ова заболување, објавени на линкот https://bit.ly/2UzgeDY  .

Поврзани новости