Филипче кон граѓаните: Да им ја олесниме работата на докторите, почитувајте ги мерките!

by Fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче преку социјалните мрежи се заблагодари на своите колеги доктори кои несебично се борат против корона вирусот.

Во меѓувреме, Филипче ги повика сите граѓани да им излезат во пресрет на медицинските лица и да ги почитуваат мерките, со цел да им се олесни работата.

„Колеги, Ви благодарам што секојдневно се борите за секој живот! Ви благодарам што се грижите за здравјето на нашите пациенти, родители, роднини, пријатели, давајќи сѐ од себе во справувањето со ковид-19. Ги повикувам сите граѓани да им ја олесниме работата и да ги почитуваме мерките за заштита без исклучок! Да бидеме одговорни со носење маска, одржување физичка дистанца и често миење на раце. Тие ја заслужуваат поддршката од сите нас“, рече Филипче.

Поврзани новости