Филипче: Јас како министер немам одговорност какви јавни набавки спроведуваат болниците

by Fokus
Министерот за здравство Венко Филипче се оградува од тендерите на скопската Клиника за хематологија и Клиниката за онкологија, тврдејќи дека тие немаат никакви ингеренции да учествуваат во било каков процес на јавна набавка во било која од болниците.

„Тоа е одговорност на менаџерот, на директорот, тоа е одговорност на целокупниот менаџерски тим на самата Клиника или било која друга јавно-здравствена институција којашто прават планови за набавки врз основа на бројот на пациенти и врз основа на потребните лекови. Буџетите се големи заради тоа што се скапи лековите и заради тоа што таму се лечат пациенти коишто страдаат од многу тешки болести. Ние ги побаравме документите после објавувањето на тие постапки во јавноста. Ги побаравме сите документи од анти-корупциската комисија, се консултиравме со луѓе и од други институции, како што е финансова полиција, итн. Доколку е потребно ќе ги преземеме сите мерки коишто се во наша надлежност. Досега немаше некоја недоследност во работењето, ниту на Клиниката за хематологија, ниту на Клиниката за онкологија за којашто излегоа двете постапки – истакна Филипче.

Поврзани новости