Филипче ја повика опозицијата да ги повлече амандманите и ѝ понуди целосна контрола врз изградбата на Клинички

by fokus 12:23
12:23

Министерот за здравство Венко Филипче ја повика опозицијата во Собранието да ги повлече 2.000-те амандмани со кои е блокиран Законот за изградба на нов Универзитетски Клинички Центар.

Како што соопшти Министерството за здравство, во повеќе наврати досега и за време на собраниските комисии и на седниците за пратенички прашања Филипче и Владата и понудиле на опозицијата собраниска комисија којашто ќе ја водат опозициски пратеници и ќе го контролираат процесот на градење, изведба и секој аспект од проектот за Клинички центар.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

– Министерството за здравство ќе биде настрана и ќе и биде поддршка на опозицијата. Целата постапка за новиот Клинички центар е јавна и транспарентна, доколку опозицијата не ги прифати овие предлози ќе биде јасно дека воопшто не станува збор за нивна недоверба или желба за унапредување на проектот, туку едноставно стратегија за блокади и некоструктивност која веќе предолго трае, смета Филипче.

Процесот за изградба на Клинички центар почна пред две години, втората фаза се одолговлечи поради ковид кризата. Процесот започна со таканаречен конкурентен дијалог, аплицираа пет компании, за втората фаза останаа две, германската „Vamed“ и француската „Bouygues construction“, едната која има искуство во градежниот дел, а втората искуство во менаџирањето и опремувањето на болниците.

Законот, како што се наведува, треба да ја регулира идејата двете компании да имаат можност, да дадат една единствена понуда, а независен финансиски ревизор да каже дали е таа соодветна, од причина што ќе биде една понуда мора да се контролира цената.

-Од огромен интерес на граѓаните е нов Клинички центар што ќе служи во следните децении и ќе даде интегриран тип на здравствена услуга. Министерот им укажува на пратениците од опозицијата дека поддршката на Законот за нов Клинички центар ќе покаже дека партиите можат заедно да направат нешто што е од голема важност за граѓаните и нивното здравје, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Поврзани новости