Филипче им се заблагодари на медицинските сестри за придонесот во борбата против Ковид-19

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче по повод 12 Мај, Меѓународниот ден на медицинските сестри, денеска се сретна со медицинските сестри вработени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Од Министерството за здравство соопштија дека Филипче на средбата им се заблагодарил на медицинските сестри од Клиниката за нивниот целокупен придонес во текот на пандемијата.

-Вашата улога во справувањето со оваа пандемија е од големо значење за сите нас, а сето ова ја истакна важноста на работата која секојдневно ја извршувате. Вие не сте само промотери на здравјето, туку сте и заштитници, чие знаење и пожртвуваност секојдневно спасува безброј животи, истакна министерот Филипче.

Есенцијалноста и придонесот кон справувањето со целокупната пандемија ја потенцираа клучната улога на медицинските сестри во здравствениот систем. Во изминатиот период како никогаш досега се подобрени условите за работа на медицинските сестри и на целокупниот здравствен персонал, посочуваат од Министерството за здравство.

-Зголемувањето на платите на медицинските сестри беше неколкукратно, започнувајќи од 2018 година, па се до денес. Во мај 2018 реализирано е зголемување на износот на додатокот за работа ноќе од 29 отсто на 50 отсто; зголемување на износот на додатокот за ноќна работа од 29 отсто на 50 отсто. Во февруари 2019 година реализирано е зголемување од пет отсто на платите за: средно медицинскиот кадар со високо, вишо и средно медицинско образование; (освен: ГОБ „8 Септември“, ПЕТ Центар и Клиниката за хирушки болести „Св.Наум Охридски“ – осум отсто); зголемување од осум отсто за: средно медицинскиот кадар со високо, вишо и средно медицинско образование. Во јануари 2020 година реализирано е зголемување од 10 отсто за: средно медицинскиот кадар со високо, вишо и средно медицинско образование, стои во соопштението.

Поврзани новости