Филипче и Даниловски договориле да се формира тело од пензионирани професори по медицина

by Фокус

Министерот Венко Филипче денеска одржа средба со професорот Драган Даниловски, на кој Филипче му изразил благодарност за, како што вели министерот, стручните и конструктивни настапи на Даниловски во информативната кампања.

„Покрај ова, неговите совети до мене и целиот тим во однос на менаџментот и проекциите за развојот на пандемијата беа од големо значење. Денеска на средбата со професор Даниловски договоривме да се формира неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицински факултет, со цел анализирање на тековните состојби во здравството. Во новата година му посакав добро здравје и успех. Верувам дека и понатаму ќе ја продолжиме соработката, напиша Филипче на фејсбук.

Поврзани новости