Филипче: Голем е притисокот и врз службите за Брза помош, чекаме донација во возила од Кина

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче верува дека возилата за итна медицинска помош со кои располага државата заедно со уште една најавена донација од три возила ќе биде доволна за да се надмине проблемот додека не пристигне големата донација од Кина од 60 возила.

– Чекаме голема помош од Кина која беше најавена за 2020 година, но беше одложена поради Ковид. Тоа се 60 возила за итна медицинска помош и токму тоа беше причината зошто ние го запревме процесот на набавка на вакви возила во 2018 и 2019 година кога набавивме 20 возила, изјави Филипче одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција.

Филипче посочи дека со есенскиот бран, голем е притисокот и врз службите за итна медицинска помош.

Поврзани новости