491
Фрижидерите за чување на вакцините од Фајзер се подготвени. Обучен и подготвен е техничи персонал кој ќе го следи нивото на температурата и запазувањето на сите стандарди, напиша на својот профил на Фејсбук, министерот за здравство, Венко Филипче.
Од Владата информираа дека првата пратка од вакцините од Србија ќе пристигне денеска претпладне, а примопредавањето ќе биде на граничниот премин Табановце.
На настанот ќе учествува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев.
Пратката вакцини од Србија требаше да пристигне пред неколку дена но беше одложено поради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините.