Филипче: Доминантен е британскиот сој, нема опасност други мутации да го надвладеат

by fokus

Британскиот сој на корона вирусот е нај доминантен во земјава, а имало и други соеви кои биле изолирани, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

-Дефинитивно доминантен е британскиот сој на вирус. Очигледно е дека има други поединечни случаи, заради тоа што имаше детекција на јужноафрикански сој кај граѓанин од Делчево кој бил заразен во месец март. Тој бил човек патувал и во западноевропски земји, бил возач на камион. Но, тоа ни укажува дека поединечните случаи од очигледно други вируси што биле присутни, сепак се само поединечни и нема тенденција некој сој на вирсуот значајно да предоминира над британскиот. За да предоминира некој сој како што британскиот збриша се претходно кога се појави, треба да биде многу полесно пренослив од тој што е актуелен. Очигледно е нема таква тенденција, рече министерот за здравство.

Според него, сознанијата од сите анализи и до сега се дека ниту јужноафриканскиот сој, ниту бразилскиот, по карактеристика не можат да го надминат, да доминира над британскиот сој.

-Тоа ни дава за право да мислиме и да веруваме дека дефинитивно овој бран стивна без разлика што очигледно има поединечни заболени од друг сој на вирусот, вели Филипче.

Поврзани новости