795
Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција ја информираше јавноста за неговата посетата на Бугарија, од каде што рече дека се вратил со добри вести.
-Утрово бев во посета на соседна Бугарија, присуствував на владината седница, на покана на премиерот Борисов и министерот за здравство Ангелов. Ние интензивно разговаравме изминатите неколку недели и имаме добри вести. Тоа е дека Бугарија како донација ќе оддели слободна количина на вакцини, од секоја количина која во следниот период ќе ја добива. Изразив голема благодарнос, рече министерот Филипче.
Покрај Бугарија, таква најава имаме и од Грција и од Полска.