Филипче: Благодарност до грчкиот народ за 20.000 вакцини Астра Зенека

by fokus 20:54
20:54

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва упати благодарност до грчкиот народ за донацијата од 20.000 вакцини Астра Зенека кои ќе пристигнат утре.

-Одлична вест од соседна Грција. Во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на Astra Zeneca. Оваа донација е многу значајна за нас и би сакал да изразам голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Н.Е. Русос Кундурос. Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек. Апелирам што поголем број граѓани да се пријават на vakcinacija.mk, порача Филипче.

- Advertisements -

Поврзани новости