Филипче: Без вакцина нема да можеме нормално да функционираме

by Fokus 19:15
19:15

Нема ниту еден аргумент зошто граѓаните не би се вакцинирале, тоа е единствениот начин да постигнеме колективен имунитет и да бидеме заштитени. Ризикот да се добие Ковид-19 е многу висок. Сега, со есенските месеци, ризик факторите дополнително ќе се зголемуваат, луѓето повторно ќе бидат во затворени простории, затоа, апелирам граѓаните да ја сфатат оваа работа многу сериозно, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Филипче, во изјава за Телевизија Сител, денеска посочи дека откако започна вакцинацијата, и сега, со амплификацијата на целиот процес со новите мерки ситуацијата е многу подобрена, но, само кај вакцинираните граѓани.

- Advertisements -

– Сега имаме пандемија, вирус кој што многу се шири кај невакцинираните граѓани. Огромен процент од вкупниот број на дијагностицирани пациенти се невакцинирани, исто така, од вкупниот број на починати, близу 90 проценти се невакцинирани граѓани, кажа министерот.

Поврзани новости