Филипче: Бараме решение за барањата на специјализантите

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче, по најавата за протест на дел од здравствените работници, вели дека бараат решение за барањата на специјализантите.

„Во текот на изминатата недела имав состанок со кофинансираните специјализанти. Дозволете да ве потсетам дека Владата предводена од СДСМ е првата која одвои средства во 2018 година приватните специјализанти за прв пат да бидат платени за својот труд. Тие до тогаш работеа практично без пари. Кофинансираните специјализанти се една посебна група која што има направено посебни договори заради тоа што преку специјализацијата тие имаат направено и договор на определено работно време. Согласно Законот, кога ја завршуваат специјализацијата, нивниот работен однос се трансформира во работен однос на неопределено работно време.

Тоа што кофинансираните специјализанти на средбата од минатата недела побараа да се направи трансформација уште за време на специјализацијата за што во овој момент не постои законска можност а се со цел да го добијат зголемувањето на средствата кое сега го добиваат здравствените работници. Барањето е легитимно. Ние договоривме дека ќе направиме неколку работни средби во рамки на Министерството со правната служба во рамки на нашата соработка со Фондот за здравствено осигурување и веројатно со пратениците со цел да се види каква е можноста Законот во тој дел да се промени. Закажавме уште една средба за тогаш кога ќе ги имаме информациите во текот на следната недела за да видиме што и како мопжеме да направиме во однос на динамиката за тоа што следува во Собранието, изјави министерот Филипче.

Поврзани новости