Филипче: Бараме мерките да важат за цела држава, не само во Тетово

by fokus

Забрана за свадби, прослави и за одржување масовни настани на затворено во сите градови во државата. Угостителските објекти во затворениот дел да работат со 30 проценти од капацитетот, а на иста маса во кафеана да може да седат само 4 лица.

Ова се дел од мерките кои Комисијата за заразни болести и министерот Венко Филипче ги договориле на утринската координација и ги предлагаат на Главниот кроординативен кризен штаб.

Мерките се бара да важат во сите градови во државта, потврди за Телма министерот Филипче иако утринава од неговиот кабинет беше лиферувано соопштение дека се бара да важат само за тетовскиот регион.

-Не е за Тетово, за цела држава е. Предлогот е за секаде не само за Тетово, изјавил Филипче за Телма.

Поврзани новости