Филипче: Ако британскиот вид на вирусот почне да се шири засилено, ќе има нови рестрикции

by Fokus

Состојбата со корона вирусот многу бавно се смирува, а се појавија и нови случаи на британскиот вид на корона вирусот. Сепак, како што вели министерот за здравство, Венко Филипче, ситуацијата со новиот тип на корона вирусот не е алармантна.

„Се следи будно состојбата со британскиот сој на корона вирусот. Според досегашните анализи, состојбата е стабилна, не излегува од контрола. Доколку новиот вид на корона вирусот почне да се шири, ќе преземеме нови рестриктивни мерки. Но, барем сега, нема потреба од такво нешто“, истакна Филипче во интервју за ТВ 24.

Поврзани новости