Филипче: 400 илјади граѓани ќе се вакцинираат против Ковид во текот на март

by fokus

Обезбедивме 833 илјади дози за 400 илјади граѓани кои два пати ќе се вакцинираат во текот на месец март, рекол министерот за здравство, Венко Филипче на средбата со коалициските партнери во Влада.

Тој на средбата информирал за вакцината и потпишувањето на нашата земја во Ковакс групниот механизам, преку Светска здравствена организација за рамномерна распределба на вакцините во сите земји. Според него, сите вакцини кои се дел од Ковакс системот се со докажани добри ефекти и соодветна количина на анти-тела.

Поврзани новости