Четири жртви при интервенција за семејно насилство

by fokus

Најмалку четири лица загинаа, меѓу кои и еден полицаец, откако патрола одговорила на повик поради семејно насилство во округот Клејтон, јужно од американскиот град Атланта, соопштија денеска локалните инспектори.

Додека полицајците одговарале на итен повик во куќа во градот Рекс, до диспечерот пристигнале повеќе повици дека имало истрели.

Кога пристигнале повеќе патроли, полицајците се соочиле со вооружен маж кој пукал и го убил полицаецот Хенри Лаксон и ранил уште еден полицаец, соопшти Државното истражно биро на државата Џорџија (ГБИ).

Полицијата возвратила и го убила мажот на лице место, додаде ГБИ.

Истрагата утврдила дека непосредно пред да пристигне патролата, мажот убил две жени и ранил 12-годишно дете во лице.

Началникот на полицијата во округот Клејтон изјави дека детето е во критична, но стабилна состојба и очекува ранетиот полицаец да преживее.

Поврзани новости