ФФМ со апел пред мечот со Бугарија: Поддржете ги „рисовите“ само со фер навивање

by fokus

Фудбалската федерација на Македонија ги повикува навивачите кои ќе ја бодрат македонската репрезентација на утрешниот натпревар против Бугарија во Скопје, да им бидат поддршка на нашите фудбалери во текот на мечот.

– Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до победа на последниот натпревар од групата во Лига на нации. Апелираме на воздржаност од неспортско навивање, користење пиротехнички средства, неспортски транспаренти, користење на ласери, насилно однесување и фрлање предмети на терен. Единствено со фер, спортско и коректно навивање покажуваме почит кон нашиот национален тим и почит за противникот, стои во апелот на ФФМ.

Натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе почне во 20:45 часот, а влезовите ќе бидат отворени од 18:45 часот до 20:30 часот.

– Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Бугариjа се организира исклучиво преку продажната мрежа на „MKTickets“. Продажбата се одвива исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (on-line) продажба на билети нема, посочија од федерацијата.

Поврзани новости