Дисциплинската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска донесе одлука да го казни ФК Гостивар со одземање на 9 (девет) бодови освоени во тековната натпреварувачка сезона и парична казна во износ од 2.500,00 евра поради напуштање на теренот на натпреварот во рамки на 29. коло од Прва МФЛ меѓу екипите на ФК Гостивар АД и ФК Работнички АД.
Македонскиот прволигаш Гостивар доби драконски казни за напуштањето на теренот на мечот против Работнички, при резултат (1-2) во 85.минута.
Двегодишни суспензии добија претседателот на клубот Енес Уста, капитенот Алпер Потук, шефот на стручниот штаб Блажо Панов.
На клубот му се одземени девет ода, а доби суспензија на теренот и забрана за настап на 10 натпревари на стадионот што го има пријавено како домашен.
ФК Гостивар се казнува со забрана на одигрување на 10 (десет) натпревари на свој терен како домаќин, односно 100 километри надвор од теренот кој го имаат пријавено како домашен терен.
Сите играчи на натпреварот од ГФК Гостивар кои биле во официјалниот записник на натпреварот против ФК Работнички се казнуваат со парична казна од 500 евра за фудбалер поради напуштање на натпреварот против ФК Работнички.