ФФМ доби казна од 10 илјади евра од УЕФА

by Fokus 11:33
11:33

Фудбалската федерација на Македонија е казнета 10.000 евра од УЕФА поради прекршување на ковид протоколите за време на Европското првенство. Санкцијата, како што се наведува, е поради лошо однесување и потенцијално кршење на кодексот.

Казната треба да се плати во наредните три месеци, а за време на ЕУРО 2020 репрезентативците и стручниот штаб ги напуштиле хотелите во  Букурешт и Амстердам , што беше спротивно на Ковид-19 протоколите.

- Advertisements -

Поврзани новости