Фетаи: Заев и Ахмети ќе бидат повикани како сведоци во „Монструм“

by fokus

Обвинителката Фатиме Фетаи денеска најави дека премиерот Зоран Заев и Али Ахмети ќе бидат повикани како сведоци во случајот „Монструм“.

-Без разлика дали тој ќе биде премиер, важно е да се каже вистината. Во спротивно, ќе сноси одговорност за лажно сведочење. И Зоран Заев и Али Ахмети, Бујар Османи, Џелал Бајрами и сите други кои имаат барем една нишка на вмешаност во случајот, ќе бидат повикани да сведочат, рече Фетаи.

Претходно родителите на убиените деца побараа Заев да биде повикан како сведок и да се обезбеди видео материјал од Собранието во кое тој  зборува за случајот и кажува дека има нови бомби.

Поврзани новости