Фетаи се откажа од обвинението против Рангелова и уште двајца обвинети во „Шамарите во Центар“

by Fokus

Обвинителката Фатиме Фетаи, се откажа од обвинението против тројца од обвинетите во случајот познат како „Шамарите во Центар“: поранешната пратеничка Даниела Рангелова, која беше советничка во Општина Центар за време на насилствата на протестите летото 2013, како и Милан Андоновски и Борче Богдановски, пренесува „360 степени“.

Во случајот обвинети остануваат 7 лица од вкупно 14 кои беа опфатени на почетокот со обвинението. Првообвинет останува експремиерот Никола Груевски кому му се суди во отсуство, поранешниот министер Миле Јанакиески, како и лица учесници во протестите, меѓу кои е и Александар Трајковски.

Поврзани новости