Фетаи побара притвор за Поповски и рече дека може да избега како Грујевски и Бошковски

by fokus

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи побара од судот да изрече мерка притвор за осудениот помошник минисер за јавни набавки Ѓоко Поповски. Откако судот ја изрече пресудата Фетаи рече дека Поповски може да се даде во бегство и побара изрекување на мерка со цел да се обезбеди неговото присуство за понатамошниот тек на постапката.

-Вистината на ефективна казна затвор на која е осуден обвинетиот за кривично дело злоупореба на службената положба и овластување, доведена во корелација со околностите поврзани со штетноста на последиците од кривичното дело, јачината на загрзувањето, повредата на заштитното добро, околноста дека против овој обвинет има друга постапка пред завршување за истото кривично дело, упатуваат на реална опасност од бегство на овој обвинет, поради што е неопходно определување на построга мерка з о безбедување на негово присуство – рече Фетаи.

Таа потсети на случајот со Горан Грујевски и Никола Бошковски кои се во бегство во Грција.

-Не е за зенамерување околноста поврзана со двајца други обвинети во предмет на СЈО кои соочени со обвинение се дадоа во бегство во соседна држава и до ден денес правосудните органи се соочуваат со неможност успешно да ја водат постапката ротив нив. Оваа околности сметамдека може да имаа соодветно влијани врз обвинетиот Ѓоко Поповски и тој да се одлучи на бегство. Опасност од негово бегство и без тоа постои. Во контекст на наведеното поради постоење опасност од бегство предлагам против Поповски мерка притвор како мерка која претставува единствен механизам кој нуди доволно гаранција за обезбедување него присуство и успешно водење на постапката – даде таа.

Поврзани новости