Фетаи најави нови докази во „Монструм“

by fokus

Обвинителката Фатиме Фетаи на денешното рочиште во случајот „Монструм“ најави нови докази кои ќе бидат изведени во текот на постапката. Со денешното рочиште почна повтореното судење за овој предмет во кој на 12 април 2012 година беа убиени пет лица кај Смилковско езеро.

На денешното рочиште присуствуваа сите обвинети освен првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се во бегство.

СЈО и понатаму ги товари обвинетите за тероризам. Фетаи рече дека останува на истото обвинение, но дека ќе бидат побарани измени од фактичка природа.

Поврзани новости