Фетаи и Бубевски заменети, „Титаник 2“ пред Апелација ќе го застапува виш јавен обвинител

by fokus

Вишата јавна обвинителка Соња Симовска ќе го заземе местото на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски утре пред Апелациониот суд каде ќе се разгледуваат жалбите на обвинетите во предметот „Титаник 2“. Со ова екс шефот на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешни членови на ДИК, кои беа осудени во овој предмет пред првостепениот суд, утре нема да се соочат со Фетаи и Бубевски, туку со Симовска.

Ова следи откако предметите на СЈО ги презеде државното обвинителство. Во иднина за сите жалби на обвинетите или обвинителството, наместо екс специјалните обвинители, предметите пред Апелациониот суд ќе ги застапуваат обвинители од Вишото јавно обвинителство.

Апелациониот суд ќе одлучува по жалбите на обвинетите откако Кривичниот суд во март годинава ги осуди на затворски казни од 3 до 4 и пол години.

Поврзани новости