Фетаи бара бомбите да се пуштаат во судница, одбраната аргументира дека не може Јанкуловска да се прислушувала сама себе

by fokus 15:53
15:53

Бомбите може се креирани незаконски, но се прибавени согласно законите, посочи специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, на денешната јавна расправа во Апелациониот суд каде што се одлучува дали прислушуваните разговори ќе се користат како доказен материјал во случајот „Тенк“ во кој обвинета е екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Фетаи побара од Апелација да дозволи бомбите да се пуштаат на судењата по овој предмет на Специјалното јавно обвинителство.

- Advertisements -

-Од нив најдиректно произлегува како обвинетите го сториле кривичното дело – рече Фетаи.

Одбраната на Јанкуловска, пак, побара од Апелација да не ги прифаќа бомбите како доказ.

-Излегува дека поранешната министерка за внатрешни работи самата себе се прислушувала, односно дека самата креирала докази против себе – рече адвокатот, Боро Тасевски.

Јанкуловса се бранеше со цитирање на пресуди на Европскиот суд за човекови права. Според неа нарушена и е приватноста која, како што рече, е цивилизациска придобивка.

-Само еден мој број е прислушуван 732 дена. Нели е тоа кршење на човековите права – запраша таа.

Случајот „Тенк“ на СЈО се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на екс -министерката Гордана Јанкуловска и началникот за јавни набавки кои му ја исполниле желбата на поранешниот премиер Никола Груевски за набавка на Мерцедес вреден 600 000 евра.

Поврзани новости