Фенербахче потврди: Елмас е нов играч на Наполи!

by lali

Турскиот клуб Фенербахче, каде што настапуваше нашиот млад играч Елиф Елмас, вчера потврди дека тие склучиле договор со италијански Наполи за македонскиот репрезентативец.

Сега преостанува уште потврдата од страна на италијанскиот клуб, а презентацијата ќе се изврши во следниве денови.

Трансферот ќе изнесува околу 15 милиони евра, а Елмас се очекува деновиве да ги мине лекарските прегледи.

Фенер му се заблагодари на ,,дијамантот” и му посака само успеси во понатамошната кариера.

Поврзани новости