Фејзи Азири се води како затвореник во бегство

by fokus

Обвиенeтиот во случајот „Монструм“ и осуден за друго дело, повеќе од 50 дена го водат како лице во бегство. Директорот на Штипскиот затвор, Мики Тодоров, потврди за „Телма“ дека бил известен од судот дека Азири одбил прекин на казната во времетраење од еден месец, но по истекот не се вратил во затворот.

„Фејзи Азири побарал од управата за извршување санкции прекин на казната која што ја издржува во затворот во Штип. Оттаму е одбиено, а тој го користи правото на жалба до министерот за правда којшто му ја уважува жалбата и тој добива отсуство од 30.01 до 28 февруари. На 28 Феруари затвореникот Фејзи Азири не се враќа во затворот во Штип и ние го водиме како лице во бегство“, вели директорот на штипскиот затвор.

Потпис на прекинот на затворската казна ставил минситерот за правда Билен Салји, кој неодамна си даде оставка. Последен се огласи Кривичниот суд кој потврди дека го одбил барањето за продолжување на прекинот, но Азири се уште е на слобода додека трае постапката.

На денешното рочиште во Кривичниот суд адвокатот на Фејзи Азири рече дека неговиот клиент е хоспитализиран на Клиниката за пулмологија, поради што не можел да присуствува на денешното судење. Тоа беше причината судијата да го одложи судењето за 15-ти мај.

Поврзани новости