Федерацијата на планинарски спортови ќе истражува како загинаа Калина и Александар

by fokus

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија оформи специјална комисија, составена од нивни членови и екперти кои ќе ги анализираат околностите под кои загинаа двајцата планинари, Калина Велевска и Александар Миновски изминатиот викенд на планината Кајмакчалан.

Оваа Комисија ги чека сите релевантни податоци од надлежните институции во Македонија и Грција, како и официјалните податоци од организаторот на планинарската експедиција.

„Во меѓувреме сакаме да се воздржиме од шпекулации и дезинформации за настанот, затоа што ваквите настани заслужуваат темелна и длабока анализа во соработка со сите надлежни институции“, се вели во соопштението на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Поврзани новости