Бислимовски: Ми стигна сметка од 16.000 денари за струја, па морав да се јавам да ја кажам реалната состојба

by Фокус

Граѓаните да ја користат можноста за самоотчитување на броилата со цел да плаќаат реална цена на електричната енергија, истакна Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, на ТВ Клан во Тетово.

-Им укажавме на ЕВН дека не смеат предвреме да се финансираат со пари од граѓаните поради паушалните сметки и се заканивме со одземање на лиценца. Дури и мене лично ми стигна сметка од 16 илјади денари и морав да се јавам за да се им ја кажам реалната состојба на броилото. Така и граѓаните да прават, состојбата од броилата да ја праќаат по електронска пошта или по телефон до ЕВН.  За секоја претставка до РКЕ од граѓаните за фактурите на ЕВН за 24 часа веднаш се реагира и 95 отсто од тие сметки се сменети – истакна Бислимовски.

Тој додаде дека процентот на зафаќање на сметките од 9,07 проценти е намалена на 7,37 отсто и посочи дека има постојано процентуалното намалување на цената за едно домаќинство од 2006 до 2020 година.

Поврзани новости