ФБИ објави податоци за Бил Клинтон стари 17 години

by fokus

Неколку дена пред претседателските избори во САД, ФБИ објави архивирани податоци стари 17 години, кои содржат документи за долго затворена истрага за тоа како Бил Клинтон, како претседател, го помилувал финансиерот Марк Рич, осуден во 1983 година, кој бил во бегство.

Рич побегнал во Швајцарија за да избегне гонење, а почина во 2013 година.

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, рече дека не е познато дали некој од Белата куќа бил консултиран за овие материјали пред да бидат објавени.

Најново обелоденување документи од страна на ФБИ повторно го отвори прашањето во изборниот штаб на Хилари Клинтон, за моментот на нивното објавување.

Поврзани новости