ФБИ објави фотографии од напаѓачите на Конгресот, бара помош за нивно пронаоѓање

by Fokus

Федералното истражно биро (ФБИ) објави фотографии на дел од лицата кои во средата влегоа во Конгресот во обид да го спречат официјализирањето на изборните резултати според кои Џо Бајден е новиот претседател на САД. ФБИ се обрати до американската јавност да помогне и да ги пријави напаѓачите доколку ги забележи.

Дел од оние кои упаднаа во Конгресот веќе се уапсени. Меѓу нив е и 60 годишниот Ричард Барнет од Арканзас кој ја „окупираше“ канцеларијата на спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.

Истрагата е обемна, а лицата по кои се трага може да бидат обвинети за низа дела за кои се предвидени долгогодишни затворски казни.

Поврзани новости