Фаучи: Велика Британија не ја проучи вакцината внимателно за разлика од САД

by Fokus

Британските здравствени регулатори кои ја одобрија вакцината на Фајзер против Ковид-19 не ги проучувале податоците од студијата толку внимателно како што ги испитува американската Администрација за храна и лекови (ФДА) во својот преглед, тврди Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и заразни болести.

– Начинот на кој го прави нашата ФДА е вистински начин. Навистина многу внимателно ги испитуваме податоците за да и гарантираме на американската јавност дека станува збор за безбедна и ефикасна вакцина, рече Фаучи во интервју за Фокс Њуз.

Тој изрази страв дека во спротивно „ ќе придонесат за веќе постоечко двоумење на многу луѓе дали да примат вакцина затоа што се загрижени за безбедноста или се загрижени затоа што сме почнале премногу брзо, пренесува Си Ен Ен.

Фаучи рече дека е важно за Американците да имаат позитивно чувство за потенцијалната вакцина против Ковид-19.

– Имаме златен стандард за регулаторен пристап со ФДА. Велика Британија не го направи тоа толку внимателно и ги забрза работите за неколку дена, рече тој.

Фаучи, сепак, додаде дека не смета дека има големи разлики и дека многу скоро и САД ќе биде на зацртаната цел.

Поврзани новости