Фаучи: Имунитет на стадо е можен само со доволен број вакцини

by Fokus

Водечкиот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи изјави дека САД во релативно брз период, веќе од следната година, може да постигнат имунитет на стадо доколку доволен број Американци се вакцинираат против коронавирус.

Фаучи за телевизијата Си-би-ес изјави дека „помошта на патот“ е во форма на вакцина, но дека Американците треба да бидат внимателни затоа што се ближат празниците и треба да го спречат ширењето на вирусот во текот на зимата.

Тој додаде дека САД се во многу тешка ситуација бидејќи и натаму расте бројот на случаи на Kовид-19.

-Вакцините наскоро ќе бидат достапни, доколку Американците можат да издржат, рече Фаучи.

Поврзани новости