ФАЦ: Мицотакис повеќепати ветил дека нема да го поништи договорот за името доколку стане премиер

by fokus

Лидерот на најголемата опозициска партија во Грција „Нова демократија“, Константинос Мицотакис, ветил дека нема да го поништува договорот за името доколку седне на премиерската функција по парламентарните избори во Грција, велат извори во Берлин, пренесува весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) во текстот со наслов „Дилемата на грчките националисти“.

„Извори во Берлин уверуваат дека Мицотакис повеќепати ветил дека нема да ја поништува согласноста во спорот за името доколку стане премиер. Но, сега морал да демонстрира отпор за да не го загуби десното крило во својата партија и за да спречи основање нова партија подесно од неговата. Доколку Мицотакис тоа навистина го кажал, изненадува неговата исклучително агресивна офанзива против договорот“, пишува ФАЦ пренесува „Дојче веле“.

На ова реагираа од Владата на Ципрас. Портпаролот Димитрис Ѕаканопулос го обвини шефот на Нова Демократија дека дома изигрува бранител на татковината, а зад затворени врати во странство зборува поинаку.

‘„Господин Мицотакис е сосема. Лицемерие и трговија со патриотизам во сета нивна раскош“, напиша тој.

Прес-службата на Ципрас испрати ултиматум, во кој се вели: ‘Господин Мицотакис треба сосема отворено да одговори на следново: 1) Дали е точно дека повеќепати вети оти доколку стане премиер нема да ја поништи согласноста во спорот за името? … Доколку веднаш не го демантира откритието на ФАЦ, само ќе потврди дека не само што тргува со татковината, туку и дека има само голема уста.

Одделот за медиуми на Нова Демократија (НД) го отфрли текстот на ФАЦ како невистинит од прв до последен збор

Меѓутоа, со оглед на тоа што НД во сите анкети води со најмалку 10% пред Ципрасовиот ‘Сојуз на радикални левичари’, а Мицотакис важи за иден премиер на земјата, неговите партнери за разговор во Европа во врска со Македонија се заинтересирани за едно друго прашање: Како тој ќе се однесува како премиер, доколку договорот со Скопје биде ратификуван до неговото доаѓање на власт?

Повеќе партнери за разговор на европско ниво тврдат дека Мицотакис рекол нешто во смисла дека само по себе разбирливо е оти неговата влада ќе се држи до девизата ‘Пакта сунт серванда’ (Договорите треба да се почитуваат). Дури се тврди и дека Мицотакис рекол оти се надева дека прашањето ќе биде решено до неговото доаѓање на власт.

Поврзани новости