ФАЦ: Груевски и неговата клика се плашат од затвор

by fokus

Борбата за моќ во Македонија води кон натамошна дестабилизација на земјата, пренесува Дојче Веле, анализа на германскиот конзервативен весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. 

„Во Скопје повторно се протестира. Во вторникот, втор ден по ред, илјадници излегоа на улиците на македонскиот главен град. Но, за разлика од повеќенеделните протести во пролетта минатата година, овојпат не се протестира против владата, туку против опозицијата: нејзе ѝ се префрла дека сака да ја подели земјата.

Официјално, организаторите на протестите се непартиски, но слоганите се исти како оние на, до неодамна, владејачката националконзервативна партија ВМРО. Нејзиниот претседател Никола Груевски повика на „мобилизација“, за да се спречи новата владина коалиција меѓу социјалдемократите и партиите на албанското малцинство. Во речиси двегодишната политичка криза во Македонија, сигналите упатуваат на натамошна ескалација“, пишува „ФАЦ“.

За улогата на претседателот Ѓорге Иванов во кризата, весникот наведува:

„Откако Груевски не успеа да формира влада, претседателот Иванов одби да му го довери мандатот за формирање влада на лидерот на социјалдемократите Заев, затоа што тој немал обезбедено мнозинство. Со други зборови: шефот на државата, човек на ВМРО, од опозицијата бара резултат од коалициските преговори уште пред тие да почнат“.

„(…) Дали ќе се формира влада на социјалдемократите не е нејасно само поради однесувањето на претседателот. Нејасен е ставот и на ДУИ, која е поделена по прашањето за новата влада“.

„(…) Опасноста за ДУИ не доаѓа само од новите албански партии, туку и од социјалдемократите, кои се насочија и кон Албанците и на изборите во декември успеаја да добијат гласови од двете страни на етничките ровови. Тоа е долгорочна закана и за ВМРО-ДПМНЕ, која поради својата националистичка реторика нема никакви шанси за добивање албански гласови и на тој начин би можела да остане во малцинство“.

„(…) Но пред сѐ раководството околу Никола Груевски е соочено со друга опасност: на поголемиот дел од нив им се заканува затвор доколку паднат од власт. Од прислушуваните разговори, кои ги објави опозицискиот лидер во 2015 година, стана јасно како оваа клика со нелегални средства дејствувала против своите противници: изборни манипулации, прикривање на злосторства, прогон на приватни компании и контрола на медиумите.

Поврзани новости