„Фатиме скока“–се скараа Фетаи и адвокатот Петар Василев на судењето за „Титаник 2“

by Fokus

Адвокатите на обвинетите во предметот „Титаник 2“ на високи тонови се објаснуваа со обвинителите на СЈО, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, за испитувањето на сведокот, пренесува „Независен“.

Обвинителите и судијата цело време го предупредуваа адвокатот Боро Тасевски дека му поставува директни наместо вкрстени прашања на сведокот Борис Кондарко. „Петпати Ве опоменав што е вкрстено испрашување“, рече судијата Огнен Ставрев.

Обвинителката Фатиме Фетаи цело време вложуваше приговори на прашањата и реагира дека адвокатот не му поставува вкрстени прашања на сведокот предложен од СЈО, туку директни.

Адвокатот Петар Василев на Фетаи ѝ рече да престане да зборува кога таа говореше дека има право да вложува приговори. На тоа судијата му рече да продолжи, а Василев рече: „Па, еве, Фатиме скока“. Специјалната обвинителка реагира и рече адвокатот да не ѝ се обраќа со контаминиран речник и дека во судницата нема скокање.

Поврзани новости