Фатено службеното возило на Саљији како прави сериозен прекршок во сообраќајот

by fokus

Откако министерот за правда, Билен Саљији, се одвикна да го остава службеното возило на тротоарот пред Министерството за правда, сега е фатено возилото како прави сериозен прекршок во сообраќајот. На фејсбук бејџот „Ѕид на сообраќајниот срам“ е објавена фотографија на која јасно се гледа како истото возило излегува на улицата пред Министерството, при тоа газејќи две полни линии.

Претходно Саљији се најде на мета на јавноста затоа што неговиот „пасат“, паркиран на тротоар, го блокираше поминувањето на пешаците. Министерот потоа вети дека тоа нема да се повтори. Непосредно потоа Град Скопје постави столпчиња долж улицата „Даме Груев“, со што и спречи идна узурпација на тротоарот.

 

Поврзани новости