Фатени се четворица крадци од Гостивар кои „оперирале“ по станови

by Fokus

МВР информира дека вчера попладне во периодот од 13.30 до 16.40 часот, полициски службеници на СВР Тетово – ОВР Гостивар на улица „18 Ноември“, булевар „Браќа Ѓиновски“, ул.„ЈНА“ и ул.„Борче Велјановски“ во Гостивар ги лишиле од слобода Е.А.(19), Л.Х.(20), З.А.(20) и еден малолетник, сите од Гостивар.

Тие се сомничат дека сториле шест тешки кражби во станови.

Одземените предмети биле пронајдени и ќе им бидат вратени на сопствениците.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости