Фатен разбојник кој заедно со уште едно лице „оперирале“ низ Скопје

by Fokus

Момче на 22-годишна возраст денеска е уапсено поради претходно сторени кривични дела на подрачјето на ЕВР Центар, соопштија од МВР.

„Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар при СВР Скопје, по претходни сознанија за сторени повеќе кривични дела на подрачјето на ЕВР Центар, денеска (26.09) го приведоа С.Ф. (22) од с. Арачиново, скопско. Тој заедно со уште едно лице, во периодот од март до август оваа година извршил четири кривични дела: две разбојништва, едно разбојништво во обид и една тешка кражба на дрзок начин“, додаваат од Министерството за внатрешни работи.

 

Поврзани новости