Фатен крадец од Скопје

by Fokus

Вчеравечер на булеварот Србија бил приведен крадец и веднаш бил спроведен во затвор за доиздржување на казната, велат од МВР.

„На 01.07.2021 во 19.10 часот на бул.„Србија“ во близина на бензинска пумпа од страна на полициски службеници од Единица за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Кисела Вода, отсек Потраги, од слобода е лишен А.М.(35) од Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен Суд Скопје за издржување на казна затвор. Тој е осуден за сторено кривично дело „кражба“ по чл. 235 од Кривичниот законик. А.М. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната“, додаваат оттаму.

Поврзани новости