Фатен дилер на марихуана во Велес

by fokus 14:41
14:41

Полицијата вчера го приведе Д.Д. од Велес и се очекува од СВР Битола до Основно јавно обвинителство Битола да биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност, соопштија денеска од МВР, во координација и соработка со Одделот за криминалистичка полиција и Секторот за внатрешни работи – Битола реализираше случај на откривање на недозволена трговија со марихуана.

- Advertisements -

– На 06.08., по претходно обезбедени оперативни сознанија на влезот во Битола сопрено е патничко моторно возило „мазда“ со велешки регистерски таблички, управувано од Д.Д. (38) од Велес, и при извршениот преглед во возилото пронајдена е марихуана, како и три полиетиленски пакувања со бела прашкаста материја. Одземените дрога е предадена на ОКТИВ при МВР за вештачење, стои во соопштението.

По издадена наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Велес, вчера е извршен и претрес во дом и други простории кај Д.Д., при што пронајдена и одземена е марихуана.

Поврзани новости