Фатен дилер на дрога во Кочани

by Fokus

Во Кочани синоќа во 21.40 часот полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода С.А.(39) од Кочани затоа што при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и дигитална вага.

Како што информираа денеска од МВР, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“

Поврзани новости